ФОТО | Сите се згрозени: Ќерките на Шварценегер го понижија синот што го доби со куќната помошничка

Арнолд Шварценегер со ќерките Кетрин и Кристина и Џозеф Баена/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Актерот Арнолд Шварценегер ја имаше премиерата на серијата „FUBAR“ во Лос Анџелес. Шварценегер дојде во придружба на ќерката Кетрин и нејзиниот сопруг, актерот Крис Прат, ќерката Кристина и вонбрачниот син Џозеф Баена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)


Иако со години се шпекулира за лошиот однос меѓу ќерките на актерот и неговиот син Џозеф, последниот настан навести дека тоа би можело да биде голема вистина. Тоа го забележаа и неговите обожаватели, кои не го криеја згрозувањето од она што го видоа на премиерата.

Имено, додека Кетрин и Кристина биле „залепени“ за својот татко, Џозеф сам се прошетал на црвениот тепих. Тој на социјалните мрежи откри дека ужива во премиерата на својот татко, а потоа неговите следбеници јасно го кажаа своето мислење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joseph Baena (@joebaena)

„Прекрасно си поминав на премиерата“, напиша тој на Инстаграм и исто така го пофали новиот проект на својот татко.

„Џозеф е вистинскиот наследник на Арнолд и неговите разгалени богати деца очигледно не се среќни поради тоа“, „Од мене имаш голема поддршка, за разлика од твоите сестри снобови“, „Арнолд може да се гордее само со Џозеф, тој не ги научи другите деца како да се однесуваат“, „Го посрамотивте татко ви“, се дел од бројните коментари под неговата објава.

Да потсетиме, со години се пишува за несогласувањето меѓу децата на Шварценегер, кои ги доби во бракот со Марија Шрајвер и неговиот вонбрачен син Џозеф. Актерот го доби Џозеф со својата куќна помошничка Милдред Бин додека беше во брак со Марија Шрајвер, а оваа информација успеа да ја крие цели 14 години.

Сè се промени во 2011 година, кога „Лос Анџелес тајмс“ дојде до таа информација и ги објави деталите за аферата на Арнолд. Имиџот на славниот актер како семеен човек беше сериозно нарушен, а неговата сопруга Марија се исели од семејната куќа и поднесе барање за развод.


Џозеф за магазинот „Менс хелт“ го опиша денот кога целиот свет ја дознал вистината. Тој истакна дека многу добро се сеќава на тој ден. Тогаш бил во осмо одделение во основно училиште и во еден миг го викнале да излезе од училницата. Го дочекала неговата мајка која му рекла дека сите дознале чие дете е и дека мора брзо да си заминат. На 13-годишна возраст, целиот негов живот целосно се променил.

Бидејќи неговата мајка работела како куќна помошничка во вилата на Арнолд, Џозеф практично пораснал со својот татко, полубраќата и полусестрите, а откако се испоставило дека тој навистина е негов син, актерот ја презел целосната финансиска одговорност и продолжил да го издржува, па дури и нему и на мајка му им купил куќа со четири спални соби и базен.

Освен Кетрин и Кристина, Арнолд има и два сина Кристофер и Патрик. Џозеф и Кристофер се на иста возраст и се родени со разлика од само пет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот