
ФОТО | Синот на Софија Вергара е вистински заводник: Убавината ја наследи од мајка му, а жените се опседнати со него
Софија Вергара изгледа неверојатно, а светот е воодушевен од нејзиниот изглед и од фотографиите кои често ги објавува на социјалните мрежни. Сепак, покрај неа, вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот син Маноло. Огнената Колумбијка често објавува различни содржини на Инстаграм, а понекогаш има и фотографии од нејзиниот приватен живот.
Препорачано
Неодамна таа покажа како го поминува времето со синот Маноло.
View this post on Instagram
Неодамна Вергара објави фотографија од ресторан, но сите погледи ги украде Маноло кој позираше во бела кошула и со совршена насмевка, барем така го опишаа жените во коментарите.
Софија го родила Маноло многу млада, кога имала само 18 години и во тоа време била во врска со Џо Гонзалес, за кого подоцна се омажи. Сепак, бракот траеше само две години, а Софија остана самохрана мајка и многу му беше посветена на синот.
View this post on Instagram
Маноло подоцна тргна по стапките на својата мајка, а денес е успешен актер и режисер, а благодарение на убавината што ја наследил од мајка си, е миленик на жените.
И покрај тоа што денес има 33 години, Софија не крие дека сè уште се грижи кога Маноло доцна доаѓа дома, а колку им е добар односот покажуваат нивните заеднички објави.
Освен што се појавуваат заедно на некои настани, тие многу време поминуваат и дома.
View this post on Instagram
За неговиот приватен живот не се знае ништо, па сè уште е тајна дали Маноло има девојка, но некои тврдат дека тој сè уште е сингл.