ФОТО | Синот на Милош Биковиќ ужива во топлите денови: Сопругата на актерот сподели неодолива фотографија од малиот Василиј

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ / Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Сопругата на познатиот српски актер Милош Биковиќ, неодамна ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од нивниот син.

Ивана на деветти јануари годинава на свет донесе момче на кое гордите родители му го дадоа името Василиј. Иако на социјалните мрежи ретко споделуваат интимни моменти од синот, Ивана овој пат направи исклучок.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, на фотографијата која ја сподели на својот инстаграм-профил, малиот Василиј ужива додека се вози во автомобил, сместен на неговото детско седиште. На сликата беа видливи само неговите преслатки нозе кои се ладеа во топлите денови. Фотографијата предизвика лавина од позитивни коментари кај многубројните следбеници на Ивана.

Инаку, Милош Биковиќ неодамна одговараше на прашања за неговото искуство како нов татко.

„Па, во таа улога човекот се исполнува додека е жив. Се надевам дека ќе се исполнувам во оваа улога до крајот на мојот живот. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега таа е сведена на плачење, некои мои, некои негови, но сето тоа е нормално во овие моменти. Поминувам низ сето она што нормално ги чека новите татковци“, изјавил актерот за „Блиц“.

По бројните критики: „Ејџ-би-о“ го исклучи Милош Биковиќ од серијата „Белиот лотос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот