ФОТО | Синот ѝ почина од рак, а на 68 години доби второ бебе: Ана Гарсија Обрегон и нејзината ќерка носат исто име

Шпанската водителка и актерка Ана Гарсија Обрегон ја сподели среќната вест – стана мајка на крајот на седмата деценија, на 68 години. Познатата Шпанка својата ќерка ја добила преку сурогат-мајка во Америка.
Ана претходно го загуби своето единствено дете во мај 2020 година; нејзиниот син Алекс Лекио почина на 27-годишна возраст по битката со тешка форма на рак.
View this post on Instagram
Таа го доби Алекс во врска со италијанскиот аристократ Алесандро Леки, во кој веќе не е вљубена, но парот остана во пријателски односи. Во следните две години Ана ги изгуби двајцата родители, па зад себе остави многу мрачен период и одлучи да побара утеха во мајчинството и во уште едно дете.
Ана целиот процес го спроведе во целосна тајност, а за него знаеја само нејзините сестри Селија и Амалија, како и споменатиот Алесандро Лекио, таткото на нејзиниот покоен син Алекс.
View this post on Instagram
Таа кон средината на март заминала во Мајами, каде што се породила сурогат-мајката, а девојчето се родило на 20 март, два дена по 68-от роденден на водителката. Водителката дури беше фотографирана како излегува од породилиштето со бебето во рацете; новороденчето е завиткано во розово ќебе и носи плетена капа на главчето.
View this post on Instagram
Интересно е што Гарсија на девојчето му го дала своето име, па сега и двете се викаат Ана!
Шпанските медиуми пишуваат дека детето го родила тинејџерка која забременила во јуни 2022 година, месецот кога Алекс би наполнил 30 години. Да потсетиме, сурогат-мајчинството е легално во САД, како за парови, така и за само еден родител.
Инаку, Ана основа фондација која го носи името на нејзиниот син Алекс, чија цел е да собере средства за понатамошно истражување на ракот и лекови за оваа болест.