ФОТО: Силекс чекаше 24 години за ново финале во Купот!

Силекс од Кратово за две минути постигнаа два гола против Вардар/Фото: facebook.com/FkSileksKratovo

Денеска се одигра и вториот полуфинален натпревар во Купот на Македонија, екипата на Силекс со 1:0 славеше против Струга Трим Лум.

Составот од Кратово дојде до триумфот со погодок во 82 минута кој го реализираше Ристе Каракамишев.

Неколку минути подоцна проблемите за стружани станаа поголеми поради црвениот картон кој го доби Абдулхади Јахја.

Противник на Силекс во завршната битка за куп трофејот сезонава ќе биде тимот на Академија Пандев кој вчера со 2:1 ја елиминираше Македонија ЃП. Финалето ќе се одржи на 19 мај 2021 година.

Силекс успеа двапати да го освои натпреварувањето во 1994 и 1997, а беше поразен во финалната пресметка во 1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот