ФОТО | Што се случило со Метју Меконахи? Актерот се појави со ослабено лице и отсутен поглед, обожавателите загрижени

Метју Меконахи / Фото: Profimedia / EPA

Еден од милениците на Холивуд, актерот Метју Меконахи неодамна се појави со сопругата Камила Алвес на гала настан, а неговиот исцрпен изглед и чудното однесување ги загрижи фановите ширум светот, пишува „Дејли мејл“.

Имено, некои тврдат дека неговиот нос има поинаква форма и дека очите му ја промениле бојата. Другите беа позагрижени за неговото однесување бидејќи актерот беше многу сериозен и нерасположен додека позира пред фотографите, што е многу необично за него бидејќи е познат по својот голем хумор и харизма.

Некои сметаат дека лекот „оземпик“ е виновен за сè, додека други сметаат дека неговата нова улога е причината за неговото ослабено лице и слабеењето. Некои дури одат дотаму што велат дека тоа воопшто не е познатиот актер.

Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Но, Реза Насаб, специјалист за пластична и реконструктивна и естетска хирургија во Манчестер, за „Дејли мејл“ вели дека актерот изгубил доста од својата тежина наместо да оди на пластична операција за да го промени лицето.

„Мислам дека промената во големината и обликот на неговиот нос и тенки образи може да се припишат на слабеењето. Кога некој ќе изгуби многу килограми, намалувањето на маснотиите на лицето може да направи неговите црти да изгледаат подефинирани и истакнати, вклучувајќи го и носот. “ објаснила Насаб.

@mickmicknyc When the red carpet is so hot and you don’t know where to point your camera 😍 Kim Kardashian, Matthew McConaughey and Camila Alves on the @Kering red carpet ❤️‍🔥 @Kim Kardashian #redcarpet #kering #kimkardashian #matthewmcconaughey #camilaalves #nyc #bts #behindthescenes ♬ original sound – New York Mickey

ФОТО | Метју Меконахи сподели шокантна фотографија: Што ти е со окото?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот