ФОТО: Што оставија зад себе највпечатливите први дами? Мишел Обама, најдобар „билборд“ за млади креатори

EPA

Неслучајно, стилот на првите дами ни кажува многу за нив и за идеалот што тие го отелотворуваат, како и за нивната моќ да влијаат врз обичаите и размислувањето на општеството преку слики.

Мишел Обама, најдобар „билборд“ за млади креатори

Мишел Обама избра да изврши посебна мисија во гардероберот на Белата куќа. Избор на облека што ја дефинира нејзината харизма и истовремено промовира младешки изглед.

Фото: Профимедиа

Најчесто одбираше креации од млади или не толку афирмирани американски дизајнери, кои преку нејзините модни избори се рекламираа и стануваа познати. Џејсон Бу ѝ должи добар дел од својата денешна слава, како и Изабел Толедо, кубанска дизајнерка која почина минатата година, но и денес познатите Такун, Кристијано Сиријано.

Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Првата афроамериканска прва дама отсекогаш била харизматична, персонификација на одлучност и посветеност, од стилска гледна точка Мишел Обама успеа да промовира специфичен бон-тон за поттикнување и поддршка на жените.

Фото: Профимедиа/Инстаграм

После искуството во Белата куќа, нејзиниот изглед стана уште похрабар, на моменти агресивен: кој не се сеќава на лимон-жолтата кошула од „Баленсијага“ на презентацијата на нејзината биографија?

Но, ова е друго поглавје.

EPA-EFE/TANNEN MAURY
EPA-EFE/SHAWN THEW
EPA/FABIO DI PIETRO
EPA/PETER FOLEY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот