ФОТО: Што оставија зад себе највпечатливите први дами? Меланија Трамп, непомирливо модно искушение

Profimedia/EPA/Instagram/Twitter
Profimedia/EPA/Instagram/Twitter

Неслучајно, стилот на првите дами ни кажува многу за нив и за идеалот што тие го отелотворуваат, како и за нивната моќ да влијаат врз обичаите и размислувањето на општеството преку слики.

Меланија Трамп, непомирливо модно искушение

Не е претерување ако се каже дека Меланија Трамп со нејзините модни избори влезе во историјата на модата во Белата куќа. 45-от Флотус ги покажа најсовремените и трендовски модни избори што никогаш претходно не биле видени од жена на таква позиција.

Profimedia
Profimedia

Таа е поранешна манекенка, па знае да носи буквално сè со елеганција, вклучувајќи ги и потпетиците со висина од 12 сантиметри. Јакни со качулки и пораки, комбинезони, вртоглави деколтеа, секси здолништа, тесни панталони, женствени фустани и костуми со нагласен струк – таа остана симбол на новото време во неговата најлуксузна смисла.

Profimedia

Милионерката беше и претходно навикната на луксузните Ралф Лорен, Валентино, Мајкл Корс, Диор, Долче и Габана, кои останаа и во периодот на престојот во Белата куќа, нејзини омилени креатори. Честопати беше критикувана за нејзината „нечувствителност“ во изборот и за модни додатоци кои се сметаат за невообичаени или премногу наметливи (на пример, чевли од „Маноло Бланик“ со високи потпетици, додека ги посетуваше областите погодени од ураганот Харви во Тексас, или незаборавната парка на која пишуваше „Навистина не ми е гајле“).

Profimedia

Во секој случај, дури и кога облеката беше „на место“, Меланија Трамп секогаш демонстрираше непомирливо модно искушение и моден предизвик за милиони жени.

Profimedia
Profimedia
EPA-EFE/HARISH TYAGI
EPA-EFE/ERIK S. LESSER
EPA-EFE/Martin H. Simon / POOL
Profimedia
ЕPA-EFE
EPA/EVAN VUCCI / POOL
Profimedia
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY
Меланија Чарлс
Profimedia
меланија трамп
Profimedia

Фото EPA-EFE/ERIK S. LESSER
Твитер/Бела куќа
EPA
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот