ФОТО: Што оставија зад себе највпечатливите први дами? Џеки Кенеди, шик бон-тон

Profimedia/EPA

Неслучајно, стилот на првите дами ни кажува многу за нив и за идеалот што тие го отелотворуваат, како и за нивната моќ да влијаат врз обичаите и размислувањето на општеството преку слики.

Таканаречената ЛОТУС, прва дама на САД, сопруга на претседателот, е фигура која историски го поддржувала моќниот човек блескајќи со рефлектирана светлина, но денес не може да се каже дека нејзината улога е исклучиво „придружна“.

Profimedia

„Лотус“ е фигура со голема истакнатост и видливост, а во модерната ера, првата дама стана лик со подеднакво политичко значење, способна енормно да влијае врз обичаите и размислувањето на општеството, не само преку активно учество во политиката и општеството, туку и силно, преку сопствениот стил и имиџ. Стилот на првите дами на Соединетите Американски Држави е одмерена, пресметана, прецизна изјава, концентрација на вредности и идеи. Облеката е порака и став. Некои први дами со својот стил ја одбележаа својата ера и оставија свој белег до таа мера што и денес се инспирација за облекување.

Џеки Кенеди, шик бон-тон

Instagram

Никој повеќе од неа не стана икона, амблем, симбол. Џеки Кенеди беше самата дефиниција за шик бон-тон. Стилот „Џеки“ влијаеше на модата со децении, благодарение на облеката што Олег Касини (американски дизајнер со италијанско и аристократско руско потекло) ја дизајнираше специјално за неа. Костимите „Шанел“, бисерните ѓердани и предимензионираните очила за сонце останаа неизбришливи во колективната фантазија.

Фото: Профимедиа

Таканаречениот „трагичен розов костум“ што го носеше во Далас на денот кога нејзиниот сопруг беше убиен, останува најмногу врежан во сеќавањето на нацијата: легендарна е нејзината одлука да не го соблече веднаш, иако обоен со крв.

И за самата историја на фустанот се расправа: многумина тврдат дека станува збор за креација од „Шанел“, но постои сомнеж дека костимот сепак, бил креација на Касини, или купен од „Чез нинон“, бутик во Њујорк во кој често навраќала првата дама – меѓу другото и за да ги замолчи озборувачите кои сметале дека е премногу потрошувачки настроена и не многу патриотска во изборот на облека, со оглед на нејзината љубов кон луксузната француска мода.

Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
EPA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот