ФОТО: Шпанците повторно на улица против корона-мерките, судири со полицијата и хаос низ градовите
Шпанската полиција денеска приведе неколку десетици граѓани во текот на судирите со демонстранитите на протестите во неколку градови, каде граѓаните излегоа на улиците поради ограничувањата на мерките воведени против пандемијата од коронавирус.
Протести се одржуваат втор ден по ред, а во неколку градови се ограбувани и некои продавници.
Најголеми немири избија во Мадрид каде демонстрантите извикуваа „Слобода“, запалија бројни контејнери за ѓубре и подигнаа барикади во центарот на градот. Потоа полицијата ја гаѓаа со камења и молотови коктели.
Службите за итна помош во Мадрид соопштија дека 12 лица се полесно повредени, од кои три полицајци.
Тие немири ги осуди и шпанскиот премиер Педро Санчез кој на Твитер наведе дека не може да се толерира насилно и ирационално однесување на малцинските групи.
Во Шпанија од почетокот на епидемијата со коронавирус се заразени 1,1 милиони луѓе од кои 35.000 починаа од коронавирус.