ФОТО | Шон Пен ужива во прегратките на 30 години помладата избраничка: Лејла е врсничка со неговата ќерка

Фото: Profimedia

На сите јасно им ставија до знаење дека разликата од три децении воопшто не им пречи …

Кон средината на минатата година холивудскиот актер Шон Пен (60) тајно стапна на лудиот камен со младата актерка Лејла Џорџ (28), со која беше во врска од 2016 година. Судејќи според најновите фотографии, актерот ужива во својата врска.

Фото: Profimedia

Тој не се грижи за критиките за нејзината возраст, имајќи предвид дека Лејла е само неколку месеци помлада од неговата ќерка Дилан.

Парот беше фотографирани во Лос Анџелес додека излегуваа од продавница и постојано се држеа за рака, па на сите им дадоа до знаење дека разликата од три децении воопшто не им пречи.

Фото: Profimedia

Кога ја започнаа врската, сите беа против, никој не можеше да замисли дека врската ќе трае, а камоли да се круниса со брак, но сепак успеаја да ја зачуваат својата љубов.

Извор: Еспресо.мк

Видео на денот