ФОТО: Школо или шокло? Грешката на „ЈП Улици и патишта“ на скопската улица главна тема на социјалните медиуми

„Слободен печат“ побара одговор од надлежните во ЈП „Улици и патишта“.

По грешките со патоказите на автопатите и таблите пред патарина, сега на социјалните мрежи се појави фотографија од хоризонтално бележење на улиците, на која наместо „школо“, пишува „шокло“.

Написот е фотографиран на улицата Џон Кенеди блиску до училиштето „Васил Главинов“ и градинката „Снежана“.

Коментарите на Фејсбук не стивнуваат, граѓаните бараат одговорно работење од секој еден кој добива плата од Буџетот, макар тоа да бил работник во ЈП „Улици и патишта“.
Утринава почнаа да се споделуваат фотографии од истата улица, па некои граѓани тврдеа дека фотографиите од вчеравечер се фотошопирани, бидејќи денеска испишано е „школо“, а не „шокло“.
Фото: Твитер

„Слободен печат“ побара одговор од надлежните во ЈП „Улици и патишта“, а оттаму ни потврдија дека фотографијата што вирално се рашири не е фотошоп, туку дека станува збор за ненамерна грешка од нивна страна, како и дека истата била експресно корегирана утринава

Написот на улицата бил корегиран утринава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот