ФОТО | Ширум САД одбележан новиот државен празник со кој се слави крајот на ропството

Фото: Профимедиа

Со паради, фестивали, одење во природа и часови по историја Американците денеска ширум земјата го прославија новиот државен празник Џунтинт, со кој се одбележува крајот на ропството во САД.

Претседателот на САД, Џо Бајден во четвртокот го потпиша законот со кој Џунтинт е прогласен за 11. федерален празник. Предлог законот претходно го усвои Претставничкиот дом на Конгресот на САД, со 415 гласови за и 14 против. Сенатот едногласно го усвои предлог законот.

Фото: Профимедиа

Празникот „Џунтинт“ е спој на два англиски збора, јуни и реден број 19 и познат е и како Ден на ослободувањето.

Со него се одбележува 18, јуни 1865 година, кога војниците на Унија ги ослободиле последните робови во САД, во Галвестон, во Тексас. Тоа е две и пол години откако со Прокламацијата за еманципација се ослободени робовите во јужните делови на САД.

Со Храна, жива музика, игра и читање поезија овој ден е прославен во Канзас Сити во државата Мисури, а стотици луѓе се собраа на бесплатниот концерт во њујоршкиот Тајмс Сквер, во организација на групата „Бродвеј лиг“.

Фото: Профимедиа

„Џунтинт“ е првиот нов федерален празник од 1983, кога во САД е прогласен Денот на Мартин Лутер Кинг помладиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот