ФОТО | Шерон Стоун откри за кого гласала на изборите во САД со интересен натпис на маицата

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Денеска жителите на Соединетите Американски Држави гласаат за идниот претседател на оваа федерална република, а изборот е меѓу Доналд Трамп и Камала Харис.

Актерката Шерон Стоун откри дека гласала за демократската претседателска кандидатка Камала Харис.

„О, да, о да, о да, таа може“, напиша таа на фотографијата што ја објави на Инстаграм, на која позира во црна маичка со натпис „Госпоѓа претседателка“.

Фото: Инстаграм/Шерон Стоун

Инаку, во кампањата пред претседателските избори во САД се вклучија многу познати личности, меѓу кои и актерките Џенифер Гарнер, Џулија Робертс и Џејн Фонда.

„Појавувањето на славните ги засилува пораките за гласање“, рече Кристијан Гроуз, професор по политички науки и академски директор на Институтот Шварценегер на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

ВИДЕО | Ријана ги повика Американците на гласање: „Ќе се прикрадам на гласачкото место и ќе гласам со пасошот на син ми“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот