ФОТО | Шерон Стоун му честиташе на Новак Ѓоковиќ: Актерката му посвети објава на српскиот ас на социјалните мрежи

Новак Ѓоковиќ и Шерон Стоун / Фото: EPA

Американската актерка Шерон Стоун (66) вчера го проследи финалниот тениски натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Српскиот тениски ас успеа да го победи младиот шпански тенисер и го освои одличјето кое што му недостигаше во кариерата – златниот медал на Олимписките игри.

Сега холивудската ѕвезда се огласи на социјалните мрежи и на свој начин му ја честиташе победата на Ѓоковиќ, објавувајќи неколку фотографии од натпреварот.

„Најважниот натпревар во животот“, напиша кратко Стоун и додаде емотикони кои симболизираат победа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, Шерон Стоун не е единствената позната личност која го проследи овој натпревар. Во публиката беа присутни и актеро Џон Траволта, заедно со ќерката Блу, тенисерката Серена Вилијамс, бизнисменот Насер ел Хелаифи и голем број имиња од светот на спортот.

Ѓоковиќ го освои златниот медал во Париз: Олимписки шампион за круна на блескавата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот