ФОТО: Шерон Стоун (63) „уловена“ со 25 годинишниот рапер „RMR“

шерон стоун
ФОТО: Инстаграм

Шпиони на „Page Six“ ги забележале иконата на „Basic Instinct“ Шерон Стоун и раперот „RMR“ на состаноци заедно низ Лос Анџелес што предизвикало гласини за романтичен однос меѓу нив.

Минатата недела тие ги посетиле клубовите „Delilah“ и „The Highlight Room“, каде што биле видени како танцуваат на хип-хоп музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EITMEDIA (@eitmedia)

„Таа дефинитивно има бурно лето“, изјавил извор за „Page Six“. „Тие се дружеа со артистот „PND“, разменуваа нежности и пиеја. Танцуваа на хип-хоп. Крис Браун исто така беше таму“.

„RMR“ го штити својот идентитет носејќи маска преку лицето и златни додатоци на забите и има 25 години.

„Ја почитува и мисли дека е многу кул“, според инсајдер кој рекол дека парот ги поминал последните неколку месеци заедно. Додал и дека раперот е огромен обожавател на филмот „Казино“ од 1995 година во кој глуми Стоун.

„Тие сега уживаат еден во друг и се дружат. Одлично се забавуваат заедно“, додал инсајдерот. „Тие се на иста фреквенција и тоа е многу уникатно пријателство“, рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот