ФОТО | Шакира е вљубена? Колумбијската пејачка одлично се забавува со 24-годишниот сурфер, Горка Езкурдија

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Додека Жерар ужива во прегратките на Клара Чиа Мати, неговата поранешна партнерка и мајка на неговите деца, Шакира, наводно го лекува скршеното срце со згоден сурфер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorka Ezkurdia (@gorkagurdi)

Според „Дејли меил“ , колумбиската пејачка е подготвена трајно да се пресели во Мајами, Флорида, откако потпишала договор за старателство над децата со нејзиниот поранешен Жерар Пике. Шакира отсекогаш го привлекувала медиумското внимание поради својот љубовен живот. Откако заврши нејзината врска со Жерар, се појави голем интерес за тоа кој би можел да биде нејзиниот нов дечко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorka Ezkurdia (@gorkagurdi)

Прво, важно е да се напомене дека Шакира допрва треба официјално да потврди дека има ново момче. Сепак, медиумите објавија некои детали за можна нова врска. Станува збор за 24-годишниот сурфер Горка Езкурдија.

Бројни фотографии објавени на интернет ги прикажуваат заедно како „јаваат“ по брановите. Според шпанскиот сајт „Марка“, двајцата имаат одлично разбирање. Не е првпат да се гледаат, бидејќи Горка е личен инструктор по сурфање на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorka Ezkurdia (@gorkagurdi)


Шакира со години го држеше нејзиниот личен живот далеку од очите на јавноста и се чини дека планира да продолжи и во иднина.

Во секој случај, се чини дека пејачката е среќна и исполнета во овој момент од животот. Откако помина низ тежок период по завршувањето на врската со Пике, таа конечно најде мир и спокојство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorka Ezkurdia (@gorkagurdi)


Горка Езкурдија е по потекло од шпанскиот град Оиарцун, кој се наоѓа во Баскија. Неговата омилена локална плажа е Ла Зуриола, каде што најчесто можете да го сретнете додека ја практикува својата страст, а тоа е сурфањето. Ла Зуриола се наоѓа во Сан Себастијан, град во Баскија. Горка почна да сурфа во 2007 година, посетувајќи курс за почетници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gorka Ezkurdia (@gorkagurdi)

Додека ги подобрувал своите вештини за сурфање, тој развил и голема страст за подводна фотографија, станувајќи успешен фотограф. Благодарение на својата професија, тој имал можност да комуницира со многу светски познати сурфери кои ја посетувале плажата Ла Зуриола. Оттогаш Горка патува, сурфа и снима како професионален фотограф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот