ФОТО | Северина ужива во Сплит: Убаво е да седиш на скали и да го набљудуваш животот

Северина како Саломе / Фото: Инстаграм - Северина

Познатата балканска пејачка Северина не престанува да ја воодушевува публиката со нејзините внимателно избрани комбинации на облека, како за летните настапи низ Балканот, така и со секојдневните комбинации што ги инспирираат дури и оние кои не знаат многу за модата.

Пејачката не крие дека во последните недели беше многу среќна поради времето поминато со публиката во родната Хрватска, а овој ден го искористи за да ужива во Сплит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Овој пат пејачката сподели фотографија на својот инстаграм – профил на која е совршено стилизирана.

Бела кошула врзана во јазол на половината, лелеаво здолниште со флорален принт и заводлив шлиц. Северина изгледот го заокружи со ефективен накит, чанта во сина боја и удобни кожени влечки.

– Убаво е да седиш на скали и да го набљудуваш животот, стои во описот на фотографијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот