ФОТО | Северина со пораката од синот ги разнежни сите: Ти си најдобрата мајка на светот!

Instagram
Фото: Инстаграм

Пејачката Северина Којиќ вчера го прослави Божиќ според Грегоријанскиот календар заедно со нејзиниот син-единец Александар.

Северина објави на Инстаграм фотографија на која не можеше да ја сокрие среќата што го помина одморот во друштво на својот син.

Instagram

На фотографијата позира насмеана во прекрасен црвен фустан, а исто така ја искористи можноста да им го честита Божиќ на своите обожаватели, па потоа сподели емотивен момент со своето милениче.

„Синоќа кога спиевме, тој само шепотеше: Ти си најдобрата мајка на светот! Среќен Божиќ на сите“, напиша Северина.

Instagram

„Душа, се за неговата мајка“, „Секако дека си. Ти си неговиот сјаен дијамант и ангел. Среќен Божиќ“, „Љубовта на мајката е без граници“, „Поубаво од тоа детето да ти каже дека си најдобра мајка на светот, не постои“, беа само некои од коментарите.

Инаку, во ноември минатата година беше донесена мерка синот на Северина да живее со неговиот татко Милан Поповиќ, а тој сам да се грижи за детето. Одлуката стапи на сила веднаш, па жалбата на Северина не можеше да се одложи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот