ФОТО: Северина објави стари фотографии од времето кога се забавуваше сo младиот бизнисмен

Хрватската поп-пејачка Северина Којиќ изгледа деновиве е носталгична по минатото. Северина се присетила на патувањето во Мексико во 2008 година.

Таа на својот инстаграм-профил објави серија фотографии од Мексико и покажа кои места ги посетила во тоа време.

Северина позирала со традиционална карневалска маска, посетила културни и историски споменици, се фотографирала и со бенд маријачи и со локалното население.

Таа ги воодушеви обожавателите со стари фотографии, а еден обожавателка го пофали изгледот на Северина.

„Овие килограми изгледаат добро на Северина“, е коментарот што собра најмногу лајкови.

Инаку, во 2008 година Северина замина на двонеделен одмор во Мексико со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ за да го прослави завршувањето на албумот „Hello Mary“. Иако во тоа време беше во врска со еден херцеговски претприемач, Мате Чуљак, тој не ѝ правел друштво на патувањето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

           Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот