ФОТО: Северина и пркоси на зимата во костим за капење

Instagram
Фото: Instagram

Северина изгледа не може да го дочека летото, па упорно и пркоси на зимата објавувајќи фотографии во костими за капење, а нејзините бројни обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи уживаат во нејзините „летни“ фотографии во овие студени денови.

48-годишната пејачка објави нова фотографија на која позира во син костим за капење со интересно деколте.

Instagram
Instagram

„Big blue“, напиша Севе кратко покрај фотографијата.

„Колку убавина на едно место“, „Ти си најубава“, „Секогаш ќе биде најдобра, драга Северина“, „Колку си убава“, „Сина, сина, ја сакам сината боја “, „Убавица“, се дел од комплиментите што ги доби од своите обожаватели во коментарите.

Минатата недела Северина, исто така во костим за капење, ја обележа инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, во соодветно издание со мотив на американското знаме, а во исто време ја искористи можноста да го искаже своето мислење за Меланија Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот