ФОТО | Сервирајте како професионалец: „Ладна даска“ за опуштена дружба со пријателите

ХРАНА
Фото: Unsplash

„Ладната даска“ стана гастро-хит на социјалните мрежи, а со неколку едноставни совети можете да научите како да ја декорирате совршената летна даска.

Освен што во летово уживате во убава храна и денови поминати на море, езеро или на планина, посебно им се радувате на дружбите со пријателите. Сега кога повторно можете да организирате забави и дружења во својот том, време е да почнете да размислувате за тоа што ќе им понудите на гостите за да уживаат што повеќе, а истовремено да не морате цело попладне по големите летни горештини да го поминете покрај шпорет.


Одлично решение е „ладна даска“ или „charcuterie“. Станува збор за француски начин на сервирање сирења, сувомесни производи, грицки и свежо овошје и зеленчук на дрвена даска. Ваквиот начин на сервирање на Французите им е познат уште со децении, но неодамна завладеа на социјалните мрежи и сега е неверојатно популарен, можеби затоа што едноставно се подготвува, а неодоливо изгледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerry Dwyer (@charcuterie_woo)

Базата на секоја „ладна даска“ е дрвената даска за сечење, но можете да ја користите која било рамна површина. Денес се модерни и мермерните или камени плочи за послужување. На нив треба да наредите садови со сосови и паштета, сувомесни производи, сирења, грицки, свежо овошје и зеленчук, маслинки и слатки. Иако при декорирање на даската можете да ѝ се препуштите на својата фантазија, постојат трикови што ќе ви помогнат секојпат да подготвите мало гурманско ремек-дело.

Количество храна според бројот на гости

Не е исто дали ќе поканите две или девет личности на својата забава, затоа поважно е пред подготовка на мезето да го знаете точниот број гости. Златно правило е дека ви се потребни по 60 грама сувомесни производи или сирење за една личност и на тоа додајте ги многубројните додатоци во вид на грицки или зеленчук. Можеби нема секој да ги изеде сите тие 60 грама, но подобро е да си одат гостите сити отколку гладни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dudleyannmeyer

Избирајте разни текстури|

Добрата „ладна даска“ ќе поврзе разни текстури што не се само пријатни по вкус туку и визуелно. Крцкавите крекери, кремастото сирење, свежото овошје и меките месни производи не само што ќе донесат цела палета вкусови туку и одлично ќе изгледаат на самата даска.

Не го прескокнувајте сирењето

Сирењата и кашкавалите се производи што секој сака да ги јаде. Од младите сирења како моцарела, кремасто бри сирење до силната горгонзола, вашата даска мора да има барем три различни сирења. Добро е да ги комбинирате сирењата и кашкавалите со разна цврстина, додека едно треба да биде кремасто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanderlust Boards (@wanderlustboards)

Послужете сезонско овошје

Иако ладната даска обично е синоним за комбинација на сирења и сувомесни производи, ниту една вистинска даска не е целосна без сезонско овошје. Некоја смоква, малку дињи или праски, одлично ќе го заокружат вкусот на сирењето и ќе ги истакнат аромите на месните производи. Овошјето нека биде свежо и не премногу зрело за да не превладее шеќерот со вкусовите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gourmetlicious (@gourmetlicious05)

Завршни детали

На даската сè треба да биде јадливо, но сепак можете да додадете некој цвет или друг украс за да го заокружи изгледот. Добра идеја е сирењето и овошјето да ги украсите со неколку капки мед или ацето-балзамико крем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот