ФОТО: Селена Гомез облиена во крв со лисици на рацете

Instagram
Фото: Instagram

Папараците ја фотографирале поп – ѕвездата Селена Гомез облиена со крв додека полицијата била на сите страни. Ве информираме дека нема простор за вознемиреност бидејќи се работи за сцена од филм, а не вистинска повреда, поточно една од сцените во серијата во која глуми пејачката.

Станува збор за телевизиската серија „ Only Murders in the Building“, во која Селена Гомез игра една од главните улоги.

Profimedia
Profimedia

Поп – ѕвездата на фотографиите е обоена по облеката со лажна крв. Нејзиниот лик – Мејбел, која пејачката ја игра во серијата е уапсена за убиство.

Серијата е дел од новиот проект на „стриминг“ платформа „Хулу“.

Profimedia
Profimedia

Покрај Селена Гомез, во оваа серија ќе играат и Стиви Мартин и Мартин Шор.

Според магазинот „ELLE“, серијата следи три лика кои се опседнати со убиства, и завршуваат како главни протагонисти на серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот