ФОТО | Селена Гомез: Хејли Бибер ми се јави, таа добива смртни закани – не го поддржувам тоа

Фото: Инстаграм/Хејли Бибер/Profimedia

Американската пејачка и актерка Селена Гомез се огласи на социјалните медиуми за ситуацијата со Хејли Бибер и негативниот дискурс кој се одвива на платформата ТикТок, каде нивните обожаватели ги споредуваат двете познати дами.

Имено, Гомез објави сторија на Инстаграм, каде сподели дека Бибер ја исконтактирала и ѝ споделила дека добива смртни закани среде целата драма на ТикТок, каде Бибер е нарекувана „злобна девојка“ бидејќи не се однесувала љубезно со Гомез и ја понижувала на социјалните медиуми.

„Хејли Бибер ми се обрати и ми даде до знаење дека добива смртни закани и пораки со омраза. Ова не е она за што се залагам. Никој не треба да доживува омраза или малтретирање. Отсекогаш сум се залагала за добрина и навистина сакам сето ова да престане“, напиша Гомез на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Селена Гомез

Исто така, Гомез ја заследи Бибер на Инстаграм за да ѝ покаже поддршка.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Ова не е прв обид на Гомез да ги натера нејзините обожаватели да престанат да ја навредуваат Бибер, но ова е нејзно прво експлицитно обраќање до неа. На почетокот од месецов, таа им се заблагодари на нејзините обожаватели за поддршката и додаде: „Ве молам, бидете пољубезни и размислете за менталното здравје на другите. Им посакувам само добро на сите. Ви испраќам љубов“.

Како потсетување, Селена Гомез беше во романтична врска со Џастин Бибер од 2011 до 2018 година, со повеќе прекини низ години. Џастин Бибер ја запроси Хајди Бибер (тогаш Болдвин) во јули 2018 година, а стапија во брак во септември 2019 година.

Повеќе вести за Селена Гомез:

Кајли Џенер е минато: Инстаграм има нова кралица

„Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

„Рацете ми се тресат поради лековите“: Селена Гомез им одговори на загрижените обожаватели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот