ФОТО: Села алармира за нов урбан и еколошки криминал на брегот на Охридското Езеро

Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села преку социјалните мрежи алармира за нови дивoградби на брегот на Охридското Езеро, за што го обвинува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и ја повикува Владата и обвинителството да преземе мерки за спречување на новите дивоградби.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

-Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Северна Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија – алармира Зијадин Села – лидер на Алијансата за Албанците, пренесува „Слободен печат“.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

Села, ја повикува владата веднаш да преземе мерки да се престане со оваа дивоградба, додека инспекторатот и обвинителството да преземат соодветни мерки против нарачателите.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села
Фото: Фејсбук/Зијадин Села

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот