ФОТО | Секоја жена би го посакала: Георгина доби оригинален подарок од Роналдо

Instagram
Фото: Instagram

Избраничката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, објави фотографија на својот инстаграм – профил се пофали со скапоцениот подарок кој го доби од својот сакан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Уникатна кутија – куфер за чување накит со потпис на Луј Витон. Големиот куфер пекриен со логото на брендот и нежно розова внатрешност го привлече вниманието и на нивните деца, па си играа со необичното дизајнерско парче.

Свршеницата на најпознатиот фудбалер, Кристијано Роналдо, често ги воодушевува своите фановите со прекрасни модни комбинации, но и со провокативни фотографии што ги споделува на социјалните мрежи.

– Се уште сум без зборови, стои во описот на објавата на избраничката на еден од најдобрите фудбалери на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Веќе долго време се шпекулира дека парот наводно планира да ја озакони својата љубов, на огромна радост на бројните фанови на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот