ФОТО: Сега е наше време, „рисовите“ со првиот тренинг пред Европското првенство

Фото: ФФМ

Денеска избраниците на селекторот Игор Ангеловски го имаа првиот тренинг пред настапот на Европското првенство кое ќе стартува официјално на 11 јуни.

Најдобрата македонска репрезентација ќе се подготвува во Скопје каде што ќе одигра и два пријателски натпревари против Словенија на 1 јуни и три дена подоцна со Казахстан.

Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампипонат.

Со нивните настапи за тимот ветуваат дека ќе направат сè во своја моќ повторно да ги направат фановите горди.

Репрезентативецот на Македонија, Тихомир Костадинов Фото: ФФМ
Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов Фото: ФФМ
Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски Фото: ФФМ
Репрезентативецот на Македонија, Милан Ристовски Фото: ФФМ
Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски Фото: ФФМ
Репрезентативецот на Македонија, Ељиф Елмас Фото: ФФМ

Дебито ќе се случи на 13 јуни во Букурешт против Австрија, потоа во романскиот главен град ќе се соочиме со Украинците, а на 21 јуни во Амстердам последен противник во групата „Ц“ е селекцијата на Холандија.

Списокот на повикани играчи за Евро 2020 –

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Ристе Јанков (Работнички).

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Езџан Алиоски (Лидс јунајтед, Англија).

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Бобан Николов (Лече, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија), Ељиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Марјан Радески (Академија Пандев)

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција), Крсте Велковски (Сараево, Босна и Херцеговина), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка).

Австрискиот селектор Фода со 30 кандидати за првиот меч со Македонија на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот