ФОТО: Се заглави камионот кој требаше да ги преземе останките од жртвите во автобуската несреќа

Камионот ладилник се заглави на влезот од мртовечницата во Софија/ Фото: Скриншот/24часа.бг

Пред зградата на главната мртовечница во Софија утрово во 8 часот пристигна камион со кој телата на 45-те загинати од опожарениот македонски автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, ќе бидат транспортирани до аеродромот „Враждебна“ од каде ќе бидат транспортирани до Скопје, јави 24часа.бг.

Посмртните останки на загинатите патници во страотната сообраќајна несреќа минатата недела утре ќе бидат пренесени со два воени авиони од Софија.

Камионот со приколка жртвите од несреќата треба да ги пренесе до аеродромот/Фото: Скриншот/24часа.бг

Камионот со приколка кој пристигнал утрово се покажал превисок за да влезе во дворот на мртовечницата, јави бугарски 24 часа.

Камионот превисок за влезот во мртовечницата во Софија/ Фото: Скриншот/24часа.бг

По час и половина камионот успеал да помине откако го намалиле притисокот во гумите.

Камионот се заглави на влезот од мртовечницата во Софија/ Фото:Скриншот/24часа.бг

Во 9.30 часот пристигнал дипломатски тим со претставници од Република Северна Македонија, јави порталот.

Пред мртовечницата е регистирано зголемено полициско присуство.

Утре претпладне на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија.

Ангелов: Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

 

Видео на денот