ФОТО | Се соблече 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски: Во минијатурно бикини го покажа згодното тело

Фото: Инстаграм/Аница Лазиќ/Сања Папиќ

Актерката Аница Лазиќ (32) која е во врска со 39 години постариот актер Лазар Ристовски (71), не престанува да ја интригира јавноста. Нивната врска со старосна разлика од речиси четири децении продолжува да привлекува внимание, а неодамнешните фотографии кои Аница ги сподели на социјалните мрежи уште повеќе го поттикнаа интересот на јавноста.

Аница Лазиќ привлече големо внимание со својата емотивна врска со легендарниот српски актер, но и со својот изглед со кој често се фали на социјалните мрежи.

Аница во последно време е многу активна на мрежите, а сега објави фотографии во минијатурен костим за капење и ги покажа своите облини.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Имено, Аница прво позирала во костим за капење врз кој облекла наметка за плажа, а потоа се фотографирала и на лежалка.

Носела минијатурно бикини, нејзините гради биле во преден план, а насмевката не ја симнувала од лицето.

Серијата фотографии ги нарекла – Јунски весник.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, Аница на мрежите истакнува многу работи кои ја фасцинираат кај Лазар.

„Лазар (што значи: „Бог помага“). Се верува дека маж со ова име бил испратен од Бога да помогне на Земјата. Јас знам дека е така“, напишала таа неодамна на социјалните мрежи, па директно му се обратила на Ристовски:

– Ти си победникот. Добротворец. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце.

Девојката на Лазар Ристовски првпат проговори за врската со актерот: И двајцата сакаме акција и брзо темпо

Девојката на Лазар Ристовски првпат проговори за врската со актерот: И двајцата сакаме акција и брзо темпо

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот