ФОТО: Се рушат летните тераси на Кеј

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Започна рушењето на летните тераси на Кејот „13 Номври“. Од Град Скопје велат дека отстанувањето на урбаната опрема е претходно договорено со сопствениците на рестораните, и е неопходна за да може да се направи реконструкцијата на Кејот којашто беше најавена пред неколку дена.

Кеј рушење тераси
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

 

-Градот го подготвува теренот за да може да започне реконструкцијата на Кејот. Локалите се согласија да го ослободат просторот, но за возврат ќе добијат проширување на постојните тераси. Тоа значи дека летни тераси во средина на шеталиштето нема да има, но за сметка на тоа Градот ќе им овозможи на локалите да го прошират постојниот капацитет, информираат од Град Скопје за „Слободен печат“.

рушење тераси Кеј Скопје
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Предвидено е Кејот „13 Ноември“ до лето да биде уреден со нова поплочена патека, корпи за отпадоци, паметни клупи за седење. Според најавите, ќе се постави нов дрворед и жардиниери и ќе биде осветлено со рефлектори и нови канделабри.

кеј тераси скопје рушење
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Со реконструкцијата на потегот од Градскиот плоштад кај „Телеком“ до хотелот „Холидеј ин“ ќе биде опфатена површина од 12.500 квадратни метри, вклучително и онаа каде во моментов се поставени терасите на угостителите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот