ФОТО | Се разведува ќерката на Путин: Војната во Украина ѝ ги уништи и бракот и работата

Фото: Профимедиа

Војната во Украина „ги уништи надежите на најстарата ќерка на Владимир Путин да отвори елитен медицински центар за вртење пари“ за супербогатите странци во Русија – бидејќи се наведува дека нејзиниот брак со сопругот пропаднал, пишува „Дејли мејл“.

Александар и Виктор Погачеви со ќерките на Путин, Марија и Екатерина / Фото: Принтскрин / ЊујоркПост

Најстарата ќерка на Владимир Путин, д-р Марија Воронцова (36) се разведува од холандскиот бизнисмен Јорит Фасен (42), бидејќи тој наводно не го остварил нејзиниот сон да отвори елитен медицински центар за супербогати странци.

Руските новинари тврдат дека војната во Украина ги уништила надежите на најстарата ќерка на Владимир Путин.

Наводно, Марија сакала да отвори елитен медицински центар за супербогати странци во Русија, пишува „Дејли мејл“.

Фото: Профимедиа

Се чини дека од тој план нема да има ништо бидејќи Марија се разведува од својот главен инвеститор, холандски бизнисмен.

Гламурозната д-р Марија Воронцова е родена кога рускиот претседател работел за КГБ, таа е експерт за ретки генетски болести кај децата.

Прогонетиот руски истражувачки новинар Сергеј Канев рекол дека Путин „одработил лоша работа за својата постара ќерка“, бидејќи Западот „удира големи санкции“ на Русија поради војната во Украина.

– Таа има голем удел во мегапроектот за изградба на супермодерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. А сега, по нападот на Украина, кои Европејци и шеици ќе дојдат? – рекол Канев.

Уредникот на „Инсајдер“, Роман Доброхотов не изнел повеќе детали кога и зошто парот се развел, но се верува дека целата работа започнала пред војната во Украина.

Двојката има деца чиј идентитет Путин никогаш не го признал, како ниту деловните потфати на нивните ќерки, а камоли детали од нивниот приватен живот.

Јорит, за кој се знае дека долго време работел во Русија во Гаспромбанк-Инвест и Стројтрансгас, е холандски бизнисмен чиј татко бил полковник во холандските вооружени сили.

– Оженет сум со Русинка и имам деца, доволно кажав – изјавил во една прилика зетот на Путин.

Инаку, Марија е најстарата ќерка на Владимир Путин кој ја доби во бракот со сега веќе поранешната сопруга Људмила.

Људмила Путин/Фото: Профимедиа

 

Видео на денот