ФОТО | Се породи Марија Шарапова: Убавата тенисерка две недели криела дека станала мајка

Фото: Инстаграм

Поранешната женска тениска ѕвезда Марија Шарапова стана мајка.

Познатата Русинка веќе две години е во среќен брак.

Од 2018 година Шарапова е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкс, со кој се сврши во декември 2020 година.

Во април 2022 година, парот објави дека го чека своето прво дете, а овој петок, на 15 јули, Шарапова откри дека родила син на првиот ден од јули, односно пред две недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)


Името на новородениот син на Шарапова и Гилкс е Теодор.

„Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголемиот подарок што можеше да го добие нашето мало семејство“, напишала Шарапова на Инстаграм.

Инаку, петкратната победничка на Грен слем, која се повлече од спортот во 2020 година, веста дека е бремена ја сподели пред некоја месец со своите 4 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)


Богаташот Гилкс ја запроси убавата тенисерка со дијамантски прстен вреден 400.000 долари, кој специјално за таа пригода го дизајнирала Џесика Меккормак.

Гилкс е роден во Лондон, потекнува од богато семејство, татко му е познат стоматолог, а мајка му е професорка на Оксфорд. Студирал на престижен универзитет и е пријател со британскиот џет-сет. Меѓу другото, тој е добар пријател со принцовите Вилијам и Хари.

ФОТО | Среќна вест на 35-тиот роденден: Шарапова објави дека е бремена

ФОТО | Избраникот не штедел на специјално дизајнираниот подарок: Марија Шарапова го покажа скапоцениот веренички прстен

Шарапова: Се повлеков во вистинскиот момент

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот