Фото: Инстаграм/, Дарко Ангеловски - Шаби

ФОТО | Се ожени Шаби: Македонскиот одбојкарски репрезентативец ја круниса љубовта со Меги

По романтичното запросување во авион во јануари, македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски – Шаби и неговата избраничка Меги запливаа во брачните води.

Парот си кажа „да“ на црковна церемонија, а потоа го прослави среќниот момент во скопски ресторан, опкружен со најблиските.

Шаби, кој покрај спортската кариера работи и како пожарникар, сподели фотографии од свадбата на својот Инстаграм профил, со едноставен, но значаен опис: „Моментиште“.

Фото: Инстаграм/Дарко Ангеловски – Шаби
Фото: Инстаграм/Дарко Ангеловски – Шаби
Фото: Инстаграм/Дарко Ангеловски – Шаби
Фото: Инстаграм/Дарко Ангеловски – Шаби

„СПорткаст“ | Дарко Ангеловски-Шаби: Си прават приватен бизнис од репрезентацијата, тој приватен бизнис дојде и мене да ме брка од националниот дрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот