ФОТО: Се ожени министерот Бочварски, колеги и колешки меѓу гостите на свадбата, српскиот заглави на граница

Николовски му честиташе брак на Бочварски/Фото: Фејсбук

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата со избраничката Маринела која се одржа синоќа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Бочварски Маринела Серафимова ја запроси во август минатата година.

На свадбата на двојката Бочварски синоќа присутни беа и други членови од неговата партија СДСМ како и колешки – министерки во владата на Ковачевски.

Една фотографија објавена на социјалните мрежи од свадбената веселба во весело расположение ги покажува министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Министерките гостинки на свадбата на Бочварски/Фото: Фејсбук

Неговиот српски колега Томислав Момировиќ вчера тргнал кон Скопје, но заглавил еден час на граница па со твит го објасни своето искуство од застојот на граница и нефункционирањето на идејата за  Отворен Балкан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот