ФОТО: Се огласи винарот кој наводно е во врска со Северина: Немој да ме прашувате тоа…

Instagram
– Ау, какву глупости – кратко искоментирал 38-годишниот винар Томислав Воштиниќ, кој српските медиуми го поврзаа дека е со Северина. – Ма, дај, немој воопшто да ме прашувате, смешно ми е – додал Томислив, а на прашањето дали ја познава популарната пејачка одговорил: Ма, се е океј, ајде чао! Утрово се огласи и пиарот на Северина кој демантираше било каков романтичен однос помеѓу пејачката и винарот, пренесува Слободна Далмација.
Instagram
– Сакаме да ве информираме дека се работи за лице од поширокиот круг на пријателите на Северина, во чија винарија беше одржан евент, на кој присуствуваше и пејачката со друштво. Овој пат ја отфрламе секоја инсинуација за некаква романса – стои во краткото соопштение. Како што пренесуваат медиумите, Северина иако веќе некое време е во брак со Игор Којиќ, започнала врска со десет години помладиот винар, со кого неодамна интимно се зближила, но за такво нешто не постојат никакви докази. Северина пред еден месец позираше во винаријата на Томислав со нејзините пријатели и соработници.
Instagram
– Имам мал круг на големи луѓе – напиша пејачката тогаш на фотката која ја објави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот