ФОТО: Се одржува „Виз Ер Скопски Маратон“ 2023

фото: Meтоди Здравев

Денеска се одржува Виз Ер Скопски Маратон и во периодот од 04.00 часот до 15.00 часот низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај.

 

фото: Методи Здравев
фото: Meтоди Здравев
фото: Meтоди Здравев
фото: Meтоди Здравев
фото: Meтоди Здравев

Со учество на преку 11.000 натпреварувачи од 53 држави, утрово во 8 часот се одржа 9. издание на Виз Ер Скопски маратон.

 

 

Покрај маратонската трка (42,195 км), ќе се одржат и полумаратон (21,097 км), штафетен маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трка на 5 км.

Поради најголемата спортска манифестација во нашата земја, во периодот од 4 часот изутринава до 15 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај. Организаторите на Виз Ер Скопски маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

Одржувањето на Виз Ер Скопски маратон 2023, покрај генералниот спонзор Виз Ер, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на Европската Унија, Македонски олимписки комитет и други спонзори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот