ФОТО | Се гради автопатот Скопје – Блаце: Два километри за 14 милиони евра, другите 10,5 на кредит

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Работите на патниот правец Скопје – Блаце во должина од 12 километри веќе се започнати и се одвиваат според предвидената динамика, се уверија денеска првиот вицепремиер  и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми со увид на самото место.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-Денеска заедно со министрите извршивме увид во градежните работи на автопатот Скопје – Блаце, а од Изведувачот и Надзорот бевме информирани дека во моментов се работи на земјени работи, односно ископ на усек и отпочнување на активности за насип, се работи на техничко решение за дисклокација на подземните инсталации сопственост на Телеком, ЕВН, А1 и МВР кои се во завршна фаза и припреми за бетонски активности (пропусти, натпадници и подпатници). Експропријацијата е завршена, а вредноста на проектот изнесува 881.724.867,03 денари со ДДВ или 14,26 милиони евра, средства обезбедени од Јавното претпријатие за Државни патишта, информираше директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-Модерното автопатско решение ќе стави крај на ерата на лошата регионална инфраструктура и ќе овозможи брз транспорт на стоки и услуги меѓу Северна Македонија и Косово. Капиталните инвестиции надминуваат 15 проценти од буџетот и затоа се важни овие инвестиции во патната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За вицепремиерот Груби, автопатот Скопје – Блаце е важен за трговско и економско поврзување со Косово и го нарече „потпис на оваа влада во овој момент“.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Изведувач на работите на автопатот во должина од 12 километри е Гранит, а надзорот е на ГИМ. Предвидена е изградбата на автопатот Скопје -Блаце да се одвива во две делница. Првата од граничниот премин Блаце до село Блаце, а втопрата од селото до клучката Стенковец во должина од 10,5 километри ќе се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ВБИФ. За подолгата делница во моментов се изработува проектна документација, и се врши теренско – геофизичко и геотехничко истражување на трасата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот