ФОТО | Сашко Коцев и Јелена Јованова елегантни на премиерата на „Нешто слатко“ во Љубљана

Фото: Инстаграм/Синеплекс Словенија

Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова се главните ѕвезди на словенечката комедија „Нешто слатко“ („Nekaj Sladkega“), чија светска премиера се случи синоќа во киното Синеплекс во Љубљана, Словенија.

Режисер на филмот е телевизиската ѕвезда Тин Водопивец.

Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasko Kocev (@saskokocev_official)


Во изјава за Умно, Коцев сподели дека Водопивец му e долгогодишен пријател и соработник со кого настапувал на повеќе стенд-ап настапи ширум регионот.

Актерот вели дека ова е филм за човековата прва и последна шанса во животот. Неговиот лик е светски познат маркетер од Македонија, Аце, кој треба да стигне на еден настан во Словенија, но никако да стигне.

Јованова ја глуми Каја, Хрватка која кратко време живее и работи во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот