ФОТО: Сара Џесика Паркер ви открива како да изгледате повисоко кога носите фармерки?

Profimedia
Profimedia

Од широки до многу тесни, преку интересни процепи до необични детали, денес фармерките „трпат“ секакви модерни промени. Сепак, прашањето е како да изгледате повисоко во секое омилено парче џинс?

Instagram
Instagram

Трикот го знае незаменливата Сара Џесика Паркер. Сите нејзини фармерки имаат нешто заедничко – секогаш се над глуждовите. Незаборавната Кери Бредшо го презентира своето модно правило со години наназад, уште од осумдесеттите години, а воедно тоа е трик што и помага да ги издолжи нозете и да ја направи фигурата повисока.

Instagram
Instagram

Сара често ја гледаме во патики, па дури и во нејзиниот неформален стил не се откажува од своето модно правило. Мора да признаеме, опуштените комбинации со патики и подвиткани фармерки над глуждовите изгледаат подеднакво успешно како и со високи потпетици. Кој би рекол дека Сара е висока 160 сантиметри!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот