ФОТО: Сара Џесика Паркер ги услужува клиентите во нејзината продавница за чевли

Profimedia
Profimedia

Актерката Сара Џесика Паркер е снимена како продава чевли во нејзината продавница „SJP Collection“ во Њујорк. Иако има милиони на својата сметка, таа работи доброволно и како продавачка која со задоволство ги советува клиентите.

Актерката Сара Џесика Паркер се прослави со улогата на колумнистка Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, што и донесе слава, но и милиони на нејзината банкарска сметка. Преку оваа улога Сара стана модна икона.

Profimedia
Profimedia

Како дел од славната четворка, таа особено ги воодушеви гледачите со своите комбинации на облека, па наметна бројни модни трендови за време на емитувањето на серијата.

Дека не се разликува многу од Кери во реалниот живот по ова прашање, Сара докажа кога во 2014 година ја лансираше сопствената колекција чевли „SJP Collection“.

Profimedia

Актерката беше снимена оваа недела во нејзината продавница во Њујорк, каде не се однесуваше како светска ѕвезда, туку како продавачка.

Додека чека на снимањето на новите епизоди од серијата „Сексот и градот“, Сара го скратува времето служејќи им на клиентите на кои им помага во изборот на чевли, исто како што тоа би го сторила и Кери.

Нема сомнение дека во новата сезона на култната серија, љубителката на чевли Кери Бредшо ќе носи и модели со потпис на Сара Џесика Паркер, која ќе заработува повеќе од милион долари за секоја епизода.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот