ФОТО | Сандра рачно изработува чевличиња за бебиња и деца: Кожени моделчиња со карактер и емоции

Фото: Приватна архива

Сандра Георгиева стои зад креациите на македонските Moose чевличиња за деца кои проодуваат, но и воопшто чевли за бебиња и деца, карактеристични по тоа што се рачно изработени од кожа. Иако дедо ѝ бил чевлар, Сандра е самоука. До сега има 10 модели на чевличиња, и сите се, рака на срце – преубави!

Од графичка дизајнерка до занаетчика, креаторка на чевли за бебиња и деца, како се развиваше овој пат на трансформација?

 

– Многу спонтано. Отсекогаш сум креирала со своите две раце, без помош на дигитални алатки. Таа желба да креирам тлее во мене секој ден, така да не доживеав посебен процес на трансформација, само требаше да излезе на површина вистинското јас. Одлуката да завршам графички дизајн беше водена од помислата дека во нашево време е попрактично човек да се занимава со дигитална уметност отколку традиционална, па дури тоа и да значи да се креира пред екран. Но, мојот личен порив како што споменав претходно беше физички да креирам. Во меѓувреме, се роди мојата ќерка и така ми се искристализира идејата да креирам бебешки чевли.

Од кого го учеше занаетот?

 

– Јас сум самоука иако дедо ми беше чевлар, и ми ја вроди желбата за чевли, но не ме научи. Занаетот сè уште го учам, креирањето на чевли е долг процес и има многу етапи. Ова што моментално го работам е еден мал дел и сè што имам научено е од туторијали и спонтано преку експериментирање. Имам чувство за материјалот и како да биде скроен, мислам дека тоа е клучно во процесот на работа. Секако, имам уште многу за надградување, во иднина би сакала да се доостручам во странство, во Португалија, Шпанија, Италија…

Кои материјали ги употребуваш, од каде ги набавуваш, и колку време е потребно за изработка на пар чевли?

 

Употребувам исклучиво природна кожа за изработка на чевлите, освен врвките кои се изработени од материјал, но дури и тие се понекогаш од кожа зависи од моделот…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот