ФОТО | Сама за викенд: Џенифер Лопез ужива во музиката на нејзиното поранешно момче

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Латино дивата Џенифер Лопез воопшто не е загрижена што нејзината врска е на „климави нозе“, судејќи според нејзините последни објави на социјалните мрежи.

Најголемо внимание кај своите фанови пејачката привлече со кратките видеа кои ги објави на својот инстаграм – профил во неделата, во кои се гледа како сама ужива во луксузен ресорт во Доминиканската Република.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Американската пејачка и актерка, која двапати беше номинирана за Греми награда, Џенифер Лопез, го искористила викендот за релаксација и време за себе.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Пејачката во серијалот од три видеа кои ги објави на својот инстаграм – профил се разладува и со освежителен коктел притоа забавувајќи се на еден познат хит кој е во изведба на нејзино поранешно момче.

Џеј Ло ужива во хитот на Дрејк, правејќи пауза од снимањето на еден нов филм за кој пејачката не открива многу детали. Џенифер и Дрејк беа во кратка љубовна врска во 2017 година.

Џенифер денес е верена со 45-годишниот Алекс Родригез, а откако почнаа да кружат гласини дека тие се разделиле, парот излезе со официјална изјава на 13 март дека сѐ уште се заедно порачувајќи им на американските медиуми дека работат на подобрување на нивната врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот