ФОТО | Салихи: Влечењето и палењето знаме на друга националност не е патриотски чин

Фото: Instagram/Afrodita Salihi

Вчерашното палење на македонското знаме на улиците во Скопје донесе реакции во јавноста, а се огласи и поранешната репрезентативка, Афродита Салихи.

Салихи преку социјалните мрежи го изрази својот став и го осуди ваквиот чин велејќи дека ниту е патриотски, ниту е во ред да се прави такво нешто со симболот на земјата во која живееш.

„Знамето на една земја е моќен симбол на идентитетот што ја одразува историјата, културата и вредностите на една нација. Љубовта кон знамето е безгранична и безусловна. Не е патриотски чин знамето на друга националност да се влече и да се запали, каде вшто ваквите постапки секогаш потикнувале меѓуетничка омраза во мултиетничка држава“, стои меѓу другото во реакцијата на Салихи.

Фото: Screenshot/Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот