ФОТО | Росана и Ѓорѓи добија уште еден внук: Матео е новата радост во домот, а планот на зетот Џејмс за правење рагби тим полека се остварува

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Нашата позната пејачка Росана Сариќ – Тодоровска, попозната само како Росана, од музикото дуо „Маријана и Росана“, близначките кои на публиката ѝ ги подарија најубавите музички хитови пред три дена по втор пат стана баба.

 

Фото: Принтскрин / Facebook

 

Преку социјалните мрежи, Росана ги израдува пријателите и фановите на некогашното музичко дуо дека таа и нејзиниот сопруг, познатиот актер Ѓорѓи Тодоровски – Трупче го добиле второто внуче од нивната ќерка – единица Ивана и зетот Џејмс.

Фото: Принтскрин / Facebook

Пред неколку месеци преку интимна прослава и на интересен начин ќерката Ивана и зетот на Росана, американецот Џејмс соопштија дека малиот Ноах ќе добие братче. Ќерката на Росана и Ѓорги на својот фејсбук – профил објави дека планот на сопругот Џејмс за правење рагби тим полека се остварува…

Погледнете дел од семејните фотографии од внукот Ноах, ќерката и зетот на Росана и Ѓорги ТУКА.

Извор: Еспресо.мк

 

Видео на денот