ФОТО: Роналдо го урна рекордот на легендарниот Пеле!

Роналдо и Јувентус се наоѓаат под истрага на италијанските власти/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Јувентус во рамките од италијанската Серија А го совлада Каљари со резултат 3:1, а сите три гола ги постигна Кристијано Роналдо.

Португалецот дојде до хет-трик што е негов вкупно 57 во кариерата, а третиот погодок беше и негов официјален 770 гол.

После мечот се огласи на Инстаграм бидејќи дојде до бројката од 770 голови во кариерата и така стана најдобар стрелец на сите времиња во фудбалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Тој ги воодушеви сите со пораката за Пеле, чиј рекорд го сруши одамна, но објасни зошто чекаше токму сега да се огласи.

– Нема играч на светот кој не пораснал слушајќи приказни за игрите, головите, подвизите на Пеле, а јас не сум исклучок. Од таа причина, исполнет сум со радост и гордост заради голот што ме става на врвот на светската листа на стрелци, надминувајќи го рекордот на Пеле, нешто што никогаш не сонував растејќи во Мадеира – напиша меѓу другото Роналдо.

Свој коментар имаше и легендата Пеле кој му се заблагодари на Роналдо за одличната порака и му порача да му се восхитува за сè што направил во кариерата досега.

– Кристијано, какво убаво патување имаш. Ти се восхитувам и не е тајна. Честитки за соборувањето на мојот рекорд на голови на официјалните натпревари. Ја објавувам оваа слика во ваша чест како симбол на нашето пријателство кое трае со години – рече Пеле.

ВИДЕО: Како во најдобрите денови, хет-трик на Роналдо за 22 минути!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот