ФОТО | „Roboat“: Робот – чамец низ каналите на Амстердам

Instagram
Instagram

Употребата на прототип футуристички робот – чамец е планирана на околу 100 километарскиот канал во Амстердам.

Овие целосно автономни пловни објекти би извршувале различни задачи, вклучително и превоз на патници и транспорт на смет.

Експерти од Институтот во Амстердам и научници од Институтот за технологија (МИТ) во американската држава Масачусетс работат на проектот „Roboat“.

Роботските чамци пловат полека, со брзина до шест километри на час, користејќи пропелер и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија со капацитет да ги управуваат, во зависност од задачата, од 12 часа до 24 часа. Тие се контролираат од далечина со помош на компјутер заснован на податоци од камери и сензори кои ги скенираат областите околу чамецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MASSworld (@massworld.news)


Чамците се „модуларни“ и лесно можат да се прилагодат за превоз на товар или луѓе.

Тимот кој работи на проектот вели дека ќе бидат потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата за автономно управување со тие пловни објекти.

Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот во Амстердам, изјавил дека новата технологија е „многу релевантна во исклучително сложените пристанишни операции, каде што има многу бродови и други пловни објекти, многу кејови и пристаништа. Безбедноста навистина може да се подобри таму со автономни системи, но и да ја направат работата поефикасна“.

На неодамнешните демонстрации, брод со електричен робот, долг четири метри, маневрирал покрај репликата на трговскиот брод од 18 век по име „Амстердам“, што претставувало симболично прикажување на поморското минато и иднината на тој град.

Бродот – робот учи да маневрира низ целиот сообраќај во каналите во Амстердам, кои се полни со приватни чамци и чамци кои крстарат со туристи.

Проектот има и правен аспект и се работи на подготовка на промените неопходни за да се овозможи автономна употреба на робот – чамците, без капетани и кормилари.

Податоците собрани од камерите на тој пловен објект нема да ги идентификуваат луѓето во околината и во таа смисла ќе се гарантира приватноста на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот