ФОТО | Роби Вилијамс случајно го „извлекол“ истиот фан од публиката како и пред 20 години

Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс, заедно со неговиот бенд, моментално настапува во рамките на неговата европска турнеја.
Пејачот бил шокиран откако во четвртокот на концертот во Будимпешта од толпата избрал еден од фановите да му се придружи на сцената и сфатил дека всушност го избрал истиот фан кој го повикал пред точно 20 години на истото место.
View this post on Instagram
Роби оваа несекојдневна случка ја споделил со своите фанови на Инстаграм.
„Значи, ова се случи пред две вечери во Будимпешта – избрав некој од публиката да дојде со мене на сцената и неверојатно, го избрав истиот човек што го избрав од публиката во Будимпешта пред 20 години! Шансите тоа да се случи? 1 во 174.240.000. Мило ми е што ве видов повторно, господине“, напиша Роби во објавата.
Роби сподели и две фотографии, една од него со својот фан оваа недела, а друг од парот на сцената во 2003 година.
На најновата фотографија Роби е одлично расположен додека ја потпира главата на рамото на човекот со кој се сретнал после 20 години.
View this post on Instagram