ФОТО: Ристовски позитивен на ковид-19, со семејството во изолација!

Фото: EPA-EFE/GEOR

Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на ковид-19. Тој објави фотографија заедно со неговото семејство на „Инстаграм“ и на чија објава ја потврди информацијата.

– „Ковид“ позитивно семејство, ние ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни! Останете безбедни и здрави – напиша Ристовски на „Инстаграм“.

Фото: инстаграм/stefan_ristovski_13

Нашиот одбранбен играч е еден од хероите кој успеа со нашата А селекција да обезбеди учество на наредното Европско првенство.

Што се однесува на клупски план, најновите информации од португалските медиуми велат дека тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим не смета повеќе на услугите на нашиот дефанзивец.

Останува да се види како ќе реагира нашиот фудбалер кој пред да им се врати на репрезентативните обврски тренираше со Б тимот на португалскиот клуб. Во октомври се шпекулираше дека за Ристовски има интерес од Русија.

ВИДЕО | Ристовски: Беа измешани емоции, дали да плачеш, дали да се радуваш..!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот