ФОТО | Ријана првпат во јавноста по породувањето: Сите зјапаат во еден детаљ на нејзиното лице

Фото: Инстаграм

Ријана за првпат се појави во јавноста по породувањето и уште еднаш докажа колку е екстравагантна кога е модниот стил во прашање.

Познатата пејачка во текот на бременоста предизвика бура во јавноста и поделени мислења. Повод за коментирањеto беше нејзиното облекување, за кое многумина сметаа дека е непримерно за трудница.

Фото: Профимедиа

Секогаш го откриваше трудничкиот стомак, носеше машки гаќи, а во една прилика откри зошто не поднесува трудничка облека.

Ријана сега за првпат по породувањето се појави на фестивалот „Wireless“ во Лондон и уште еднаш докажа дека секогаш ќе предизвикува коментари за нејзиниот моден вкус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rihanna Turkey (@robzsource)


Ријана дошла да му даде поддршка на своето момче, АСАП Роки, а папараците ги уловиле во берберница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот. Многумина чекаа да видат како изгледа Ријана по породувањето, но пејачката буквално се камуфлирала во огромно паф палто и црни панталони.

Она што сите го забележаа беа пердувестите очила кои Ријана ги носеше. Шик изданието го комплетирала со сребрен ланче и обетки, но се чини дека нејзиниот необичен моден стил им се допаѓа на многу корисници на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ријана цело време беше видно насмеана, а потоа позирала со обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R (@wonderiri)


Она што е интересно е што покрај Ријана, која беше во публиката на овогодинешниот фестивал „Wireless“, беше и нејзиното поранешно момче Крис Браун.

Нивната врска беше тема број еден во светот во 2009 година, кога во јавноста протече информацијата и фотографиите дека Крис Браун ја претепал пред доделувањето на наградите Греми.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

За шокантната расправија и претепувањето зборуваше и Ријана кога гостуваше кај Опра Винфри, а тогаш изјави дека му простила на Браун и дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот