ФОТО: Ријана на романтична вечера со своето ново момче во облека за скијање и високи потпетици

Instagram
Instagram

Последните недели фокусот на странските медиуми беше ставен на романсата помеѓу пејачката Ријана и раперот Асап Роки, а фотографите ја „уловија“ поп – ѕвездата додека заминуваше на романтична вечера со новиот избраник, но во необична модна комбинација.

Ријана се појави во невообичаено издание за таа пригода, облечена во високи елегантни потпетици и гломазна скијачка јакна. Многумина беа збунети од ова тотално невообичаено модно издание, но пејачката сепак е наречена „кралица на стилот“ па дури оваа комбинација на облека одлично и прилега.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, популарната пејачка и раперот се познаваат многу години, а притоа се и добри пријатели веќе подолго време, пишува магазинот „People“.

Пред седум години Ријана се појави и во спотот за хитот на Асап „Fashion Kill“, а во 2013 година, Асап Роки и се придружи на Ријана на нејзината светска турнеја „Diamonds“. Тие соработуваа и на нејзината песна „Cockiness“ од 2011 година, од албумот „Talk That Talk“.

Гласините за нивната врска се појавија на почетокот на 2020 година, кога пејачката раскина со Хасан Џамел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот